СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ и Сокол Митровски веднаш да престанат со раскрчмувањето на општинскиот буџет

Од:

Сокол Митровски на денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров призна дека потрошил над 1 милион денари на храна и пијалаци.

Нетранспарентното трошење на општинскиот буџет го потврди и Државниот завод за ревизија.

На денешната седница советничката група на СДСМ го праша градоначалникот Митровски каде и зошто потроши 1 милион евра од општинските пари.

Митровски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги трошат парите на граѓаните на храна, музика и пијалаци тие пари можеа да ги пренаменат за помош на социјално загрозените семејства во Ѓорче Петров.

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ и Сокол Митровски веднаш да престанат со раскрчмувањето на општинскиот буџет, се вели во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната