СДСМ бара оставка од Мицкоски

Од:

„Повеќе од еден месец по изборите, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се во дезориентација, без политички компас по доживеаниот пораз.

Покрај тоа што не понуди ништо конкретно за граѓаните, покрај тоа што немаше став за ниту едно важно прашање, Мицкоски денес се прави дека заборавил што ветил и без срам гази врз својот јавно искажан збор“, соопштува СДСМ.

„Среде телевизиско соочување во кампањата, самиот тврдеше дека е против техничка Влада по Пржински модел, а денес се противи на најавата за укинување на Пржинската влада.

Наместо да бара алиби за неуспесите, Мицкоски барем еднаш нека покаже зрелост и нека го оствари ветувањето дека ќе поднесе оставка доколку ги изгуби изборите или доколку не направи Влада.

Време е Мицкоски, исправи се, погледни си во очи и потсети се на твоето ветување пред изборите – политичарите се големи онолку колку што имаат јасно дефиниран став и онолку колку што стојат на сопствениот збор. Голем е твојот пораз Мицкоски, исполни си го твоето големо ветување – оставка!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски