(ВИДЕО) СДСМ бара оставка или разрешување на Јанкулоска

Од:

СДСМ го повика премиерот Никола Груевски, ако министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не даде самата оставка, лично тој да ја разреши, рече на денешната прес – конференција портпаролот на партијата Петре Шилегов.

Според Шилегов, случајот станови на Јанкулоска се претворил во скандал откако таа самата објавила документи за нејзината имотна состојба.

– Ќе почекаме да видиме дали Антикорупциска комисија или Јавното обвинителство ќе покренат постапки самоиницијативно, во спротивно ние знаеме како ќе ги поведеме тие постапки, рече портаполот на СДСМ.

Според покажаните документи, посочи тој, Јанкулоска подигнала кредит од Шпаркасе банка во вредност од 90 илјади евра на 5 јануари 2012 година.

– Денес, нецели две години оттогаш, од кредитот, за отплата се останати уште само 15 илјади евра. За година и 9 месеци сте вратиле 75 илјади евра?! Со две административни плати?!, рече Шилегов.

Портпаролот на СДСМ праша како Јанкулоска успеала да враќа по 3.500 евра месечно и дали премиерот Никола Груевски знаел за тоа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски