СДСМ бара износот на казни да се намали за најмалку 50%

Од:

300 милиони евра планира да земе патриотската власт на Никога Груевски од сиромашниот народ во Македонија, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за пресот на В.Ковачевски.

Вчера е изгласан Буџетот од владеачкото мнозинство во којшто е ова предвидено.

Од мајсторите казни до 9 илјади евра, од учесниците во сообраќајот казни до 500 евра, од лекарите за казни до 25 илјади евра, од наставниците намалени плати за 15 проценти цела година, од фирмите казни за резервна каса до 2.800 евра.

Бараме:

Прво опомена за сторен прекршок, а казна само при негово повторување.
Износот на казни да се намали за најмалку 50%.

Скалест пристап во казнената политика, според приходите на граѓаните и на фирмите.

Едукација по опомена, но не формална, туку вистински инструмент за почитување на законот.

Принципот “прво опомена” да важи и за присилна наплата на долгот, со што ќе се зачува финансиската дисциплина, но и ќе се избегне блокирањето на сметките на даночните обврзници.

Апелираме власта да ја смени казнената политика што им служи за притисоци и полнење на празниот Буџет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски