СДСМ: Груевски да ги соопшти очекувањата од Чикаго

Од:

„Влегуваме во последните 48 часа пред Самитот на НАТО во Чикаго. Никогаш порано, пред еден ваков важен настан, на кој се одлучува за иднината на земјата, македонската надворешна политика не била толку дезориентирана и без план“ ,предупреди на прес конференција потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

„Она што дополнително сакаме да го забележиме е што на само два дена пред самитот, во Македонија главни теми се лустрација, тендери, жални врби, огради, а никој не посветува внимание за нашите евроатлантски интеграции.

Би го повикале премиерот да и се обрати на нацијата, да ги соопшти очекувањата на самитот на НАТО во Чикаго и да го презентира неговиот план за понатаму, но тој сеуште не е вратен од Кина.

Би било добро да ни соопшти што е за него успех во Чикаго. Да бидеме само спомнати како земја аспирант, или да добиеме покана за влез во Алијансата“, рече Георгиев.

Потсети дека опозицијата дала целосна подршка за собраниската Декларација, но покажа и конструктивен пристап за да и овозможи на Владата да ја внесе Македонија во НАТО на престојниот Самит во Чикаго.

„НАТО и Европската Унија за Македонија се многу повеќе од две политички организации. Тие за народот на оваа земја значат стабилност, инвестиции и подобар живот. За нив не постои друга алтернатива, а граѓаните треба да бидат свесни, дека тие секојдневно ја плаќаат високата цена на неспособноста на оваа Влада да ја внесе земјата во ЕУ и НАТО“, рече Георгиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?