СДСМ: Бакрачавски, не се разбирате во економија!

Од:

За сите ветувања кои ги најавивте, видовме како ја намаливте цената на струјата, цената на горивата, кои што директно влијат врз цената на крајниот производ. Не само што не разбирате економија, туку не разбираат и луѓето кои ви ги пишуваат текстовите, реагираат од СДСМ.

Како резултат на, велат, ваквите нејаснотии и узурпирање на медиумскиот простор, Ве повикуваме да излезете од вашиот скап изборен штаб и со вашето скапо одело, да дојдете на која и да било телевизија, со новинар кој Вие ќе го изберете, каде ќе ги соочиме фактите.

Меѓу другото, бараме од Вас да се оградите од сите инциденти кои се случуват во градот, секако, доколку ви дозволи премиерот, а не да одговарате на работи, за кои што не сте компетентен и кои не ги разбирате.

Со оглед на тоа што денеска сте изјавиле дека не сте запознаен со случајот на Бошко Силјаноски, или вистински се правите наивен или Вие сте поранешен социјалдемократ, кој не гледа Сител, како и сите ние кои припаѓаме на Сојузот за иднината, додаваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември