СДСМ: Апелираме на сериозност од Иванов и разум во ВМРО-ДПМНЕ, неопходни се нова Влада и локални избори

Од:

„Порачуваме дека е неопходно Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот со што ќе овозможи претседателот Зоран Заев брзо да ја формира новата Влада и потоа законски да се утврди датумот за локалните избори!

Блокадата на демократските процеси кулминира со штети врз граѓаните со утрешниот престанок на мандатот на градоначалниците и советите!

Иванов нема право да ја загрозува егзистенцијата на луѓето во општините кои нема да можат да земаат плати и да ги блокира граѓаните да си ги добијат потребните општинските услуги, само затоа што на Никола Груевски и неговите соработници кои сакаат да бегаат од правдата, им одговара дестабилизација на државата.

Повторуваме дека лицитирањето со датуми за локалните избори како на лото емисија е крајно несериозно и никаде не води.

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да преовладее разумот, партијата да постапи конструктивно и да овозможи Македонија да оди напред.

Општините мора да продолжат да функционираат.
На граѓаните им се потребни функционали независни институции што ќе им ги овозможи новата реформска Влада.

Секој нов ден блокада на демократските процеси е нова штета врз граѓанските и државните интереси.

Граѓаните гласаа за промени и мнозинската волја е уставна обврска. Секое дејствие против волјата на мнозинството е спротивно на државните интереси и противуставно дело казниво со закон“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот