СДСМ: Антикризните мерки на Владата обезбедуваат 44 милиони денари за надомест за сместување и превоз на студенти и средношколци

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, останува на страната на младите и обезбедува помош за студентите и средношколците погодени со здравствената и економска криза предизвиканата од пандемијата со коронавурисот.

Со четвриот пакет антикризни мерки се обезбедени 44 милиони денари, за поддшка за сместување или превоз на 884 студенти и 347 ученици, кои нема да можат да се сместат во студентските и ученичките домови“, велат од СДСМ.

„Заради намалениот капацитет во домовите, кои ќе функционираат според строго утврдени протоколи со цел да се заштити јавното здравје, оние студенти и средношколци чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или пак, да одберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Истовремено, платежни картички „Купувам домашно“ од по 6.000 денари ќе добијат 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички.

СДСМ како одговорна партија и во време на пандемија продолжува со континуирана грижа за младите, за студентите и средношколците“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник

Блискоста на СДС со судиите се гледа и во примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна

СДСМ: Под притисок на јавноста сменета е директорката на Козле

Лефков: Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт

Кој прави полоши образовни реформи, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни овинувања

Катерина Ѓуровски