СДСМ: Антидржавно ВМРО-ДПМНЕ среде криза блокира закони во Собрание

Од:

„Среде глобална економска и енергетска криза, антидржавното ВМРО-ДПМНЕ се однесува несериозно и неодговорно. Додека глумат загриженост за кризата, кочат и блокираат педесетина закони во Собранието, во соодветните собраниски комисии и на пленарните седници, од кои голем дел се за полесно пребродување на кризата“, соопшти СДСМ.

„Од една страна од Белата плата тврдат дека се загрижени за граѓаните во време на криза, а од друга страна го блокираат законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој кој што обезбедува ликвидни средства за нормално функционирање на ЕСМ.

Со блокадите на законските решенија за полесно справување со кризата, ВМРО-ДПМНЕ им нанесува штета на граѓаните и на стопанството.

Владата предводена од СДСМ обезбеди пакет мерки за надминување на кризата во вредност од 750 милиони евра, што претставува 5,5 отсто од БДП и е најголем во споредба со државите од Западен Балкан.

За помошта да стигне што поскоро до оние на кои им е најпотребна, потребни се измени на законски решенија, а не блокади, кочење и опструкции.

ВМРО-ДПМНЕ треба да прекине со неодговорното однесување и да застане на страната на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски