А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Антидржавните и расипнички политики на ВМРО-ДПМНЕ протераа над 600.000 граѓани

by А1он14/12/2018 - 15:3875
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„За какви егзодуси и евакуации на граѓани зборува антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кога токму поради нивните криминални, антидржавни расипнички политики протераа над 600.000 граѓани за време на нивното криминален режим.

Влатко Ѓорчев 20ина години е дел од ВМРО-ДПМНЕ и исто толку години ги поддржува погубните политики на неговата партија. Доколку сакаше, Ѓорчев во овие 20 години ќе придонесеше за намалување на иселувањето на граѓаните.

Но наместо тоа, тој одлучи да ги премолчи сите погубни политики на неговата партија. Затоа, денешниот настап на Ѓорчев е лажен, лицемерен и неискрен кон граѓаните.

600.000 граѓани протерани од својата држава, цели семејства избришани од Македонија е црната слика која ја остави ВМРО ДПМНЕ зад своето 11 годишно владеење. Наспроти таа црна слика, денес владата предводена од СДСМ посветено работи во сите сегменти на општеството, со цел подобар живот за сите граѓани .

Растот на БДП, намалувањето на невработеноста, растот на минималната плата, растот на пензиите, зголемената социјална помош и опфатот на поголем број на лица од ранливите категории се потврда за грижата кон своите граѓани и потврда дека Македонија се движи напред.

Гаранцијата за млади, зголемени средства за ученички и студентски стандард, зголемениот опфат на мерката за неповратни 10.000 евра за поддршка на младите земјоделци, се само дел од мерките што Владата ги презема во интерес на младите и нивно задржување во својата земја.

Времето на црнила заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, Македонија денес чекори напред кон развој, напредок и интеграција“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:1224/02/2026 - 14:32

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

Горан Наумовски24/02/2026 - 11:03

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:1524/02/2026 - 09:29

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ23/02/2026 - 21:1023/02/2026 - 21:27

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:47

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен