СДСМ: Аманетот на Конески го исполнивме, македонски јазик во ЕУ, признат од сите

Од:

„Македонскиот јазик во ЕУ, e признат и потврден, еднаш, засекогаш на исто рамниште со сите јазици во Унијата. Со потпишувањето на договорот Фронтекс е направен историски исчекор. Тоа е првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки“, соопшти СДСМ.

„Договорот е одобрен од сите 27 членки, на него, заедно со македонскиот јазик стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција и Бугарија.

СДСМ, претседателот и премиер Димитар Ковачевски со државнички и одговорни политики го заштитија македонскиот јазик.

Исполнет е сонот и аманетот на Блаже Конески, на сите дејци коишто во минатото се бореле и давале придонес за афирмацијата на македонскиот јазик.

Државата и владата на СДСМ успеаа да се изборат за македонски јазик признат и потврден од сите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски