СДСМ: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ немаат врска со законот, туку служат само за блокада на Собранието

Од:

„Се она што го прават Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Собранието нема никаква врска со Зaконот за употребата на јазиците којшто претходно го прифатија. Единствено станува збор за обид за блокадата на Собранието, блокада на реформскиот процес и обид за блокада на европската перспектива на државата.

Продолжувајќи ги штетните полтики на Никола Груевски, токму Христијан Мицкоски промовира поделби и блокади со што продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и против концептот едно општество за сите.

Фактот што ВМРО-ДПМНЕ претходно го прифати Законот за употреба на јазиците, како и фактот што речиси 33 илјади амандмани од поднесените околу 35 илјади се однесуваат само на казнените одредби, потврдува дека амандманите немаат врска со законот туку служат само за блокада на Собранието.

Ова е уште една нова епизода на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од лажниот патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, исто како и Никола Груевски, воопшто не се грижат за потребите на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници