Ал Капоне е литературата на ВМРО-ДПМНЕ. Добро научиле од неа, дури Груевски и неговите соработници го надминале Ал Капоне. Граѓаните лично се уверија во тоа преку проектот Вистинат за Македонија, велат во писмено соопштение од опозициската СДСМ.
За жал, велат во продолжение, на Груевски, доцна е. ВМРО-ДПМНЕ повеќе не може против една работа, вистината. Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, според Репортери без граници. Состојбите со контролата на власта врз медиумите се најдоа и во меѓународните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР, на ЕУ, во Извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе.
Збогум Никола, стои во соопштението на СДСМ.