СДСМ: Ако Македонија ја изгуби препораката за преговори, виновен е лично груевски

Од:

„Нема да помине никакво оправдување на Никола Груевски, за црното сценарио што и го приредува на Македонија.

Ако Македонија ја изгуби препораката за преговори, слушна Груевски и од најповиканите, виновен ќе биде лично тој.

Курири и филмови веќе не помагаат.

Материјалите од Вистината за Македонија покажаа кој се пазари за името со Грци, лично Сашо Мијалков, лично првиот братучед на Груевски.

Граѓаните разбраа и за договорите за амнестии, јазик , знаме, лично наложени од Груевски.

Овој човек сега се обидува да креира меѓуетнички тензии и да ја загрози иднината на државата само затоа што се плаши од министер за внатрешни работи со полни ингеренции, како што стои во Договорот од 2 јуни / 15 јули“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски