СДСМ Аеродром: На партискиот панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ, Муцунски даваше отчет за неговото не работење пред шпицниот градоначалник Мицкоски

Од:

„За една година локална власт во Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ, резултатот е сомнителни тендерски постапки за набавка на топол оброк и ужина во училиштата, нечистотија и хаос во општината, нема реализација на ниту еден сопствен проект, само довршување на стари проекти започнати од претходната локална власт и вдомување на партиски кадри во општинската администрација“, велат од СДСМ Аеродром.

„На партискиот панаѓур во организација на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски се обиде да се пофали со проекти на претходната локална власт предводена од СДСМ, но не спомна ниту еден сопствен проект кој е во тек на релизација.

Граѓаните на Аеродром секојдневно се соочуваат со неисчистен шут и ниска хигиена во општината.

Муцунски продолжува само да најавува проекти што ќе ги реализирал во неговиот мандат, а веќе 1 година не работи ништо, освен што се служи со лаги, манипулации и евтина пропаганда карактеристична за ВМРО-ДПМНЕ, Муцунски не работи ништо друго.

Неговите дела во бројки се изразени вака: точно 0 нови велосипедски и пешачки патеки, 0 нови улици, 0 нови мостови, 0 нови кружни текови, 0 од ветените 3.000 нови паркинг места и 0 од ветените 100.000 метри квадратни ново зеленило и уште многу 0 реализирани проекти.

Градоначалникот Муцунски наместо да учествува на партиски панаѓури за да ги задоволува личните хирови на шпицниот градоначалник Мицкоски, треба да се фати за работа и да ги исполни големите ветувања дадени пред граѓаните на Аеродром, за што пред една година тие му ја дадоа довербата“, соопштува СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода