СДСМ: АД ЕЛЕМ се заплетка во сопствените лаги

Од:

Македонските граѓани, модернизацијата на агрегатите во ТЕ Битола ја платија 160 милиони евра. Сомнителното спроведување на јавните набавки и леснотијата на трошењето на парите од страна на АД ЕЛЕМ ги чини граѓаните 96 милиони евра повеќе, реагираат од СДСМ.

По вчерашната реакција на АД ЕЛЕМ, не се поставува прашање дали, туку кога лаже ЕЛЕМ?
АД ЕЛЕМ, обидувајќи се да се оправда за потрошените 96 милиони евра повеќе, вели дека понуда за модернизација на ЛОТ 2 доставила само фирмата „Технопрометекспорт“, но, внимавајте “понудата содржела неадекватно техничко решение“.

Во дел од Извештајот на Комисијата јасно и недвомислено стои дека „технички понудата е прифатлива“ и треба да се разговара од аспект на намалување на цената до 20 проценти.
Дали ако ја намалеа цената за 20%, тогаш понудата ќе беше технички прифатлива?
Зошто кога ја објавувате втората набавка за модернизација на котли, како причина за поништувањето на првата набавка наведувате дека е тоа понуда со „нереално висока цена“ и дека тоа е причината за да не се изврши избор?

Зошто во последната фаза влеговте во ценкање со цената, доколку, како што велите во вашето соопштение, кажувате дека оваа компанија не ги исполнува техничките карактеристики?
Кога лажевте: во вашите официјални документи во Извештајот од евалуацијата, во Извештајот до Биро за јавни набавки или во вашата вчерашна реакција?
Не ги извртува фактите СДСМ, туку АД ЕЛЕМ бесрамно лаже.

Доколку се прифатеше оваа понуда, до 2012 г. ќе беше завршена комплетната модернизација и автоматизација на РЕК Битола. Оваа година се вршеше модернизација на котлите на еден од блоковите во РЕК Битола и тој блок не работеше три месеци. За првите седум месеци од 2013 година, во државава има увоз на струја кој чини 73 милиони евра. Логично е дека увозот на струја ќе беше значително помал, ако овој блок работеше. Очигледно на некого му одговарало да не се совпадне времето на реализација на предвидените работи на ЛОТ 1 и ЛОТ 2, за да се обезбеди дополнителен увоз на струја.

Штетата на крај ја плаќаат граѓаните на Република Македонија, кои увозот на струја ги чини дополнителни 73 милиони евра во првите седум месеци. Ова е извонреден пример како на законски начин со вашите закони им ги влечете парите од џебот на граѓаните. Вака не смее да работи државна компанија, завршува реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа