СДСМ: 9 години се пласираат лаги за наводна изградбата на гасовод

Од:

На граѓаните на Македонија цели 9 години им се пласираат лаги за наводна изградбата на гасовод.

9 години Владата на Никола Груевски „гради гасоводи” но вистината ќе излезе на виделина и ќе се докаже зошто наводната изградба трае толку долго.

Вистината за Македонија ќе го покаже криминалот, ќе го покаже целото лошо лице и личните интереси на фамилијата која во изминативе 9 години Македонија ја направи енергетски најзависна држава во ЕУ, со над 60 проценти увоз на енергенси.

Лопатите останаа неизвалкани од многуте најави во нивните програми оставајќи ја Македонија да тоне од ден на ден се повеќе и повеќе.

Денес се дефокусира јавноста од скандалите кои ги тресат Никола Груевски и неговите најблиски соработници со нова најава, камен темелник за изградба на гасовод.

Зарем најава на најскапиот гасовод Клечовце – Штип може да ги покрие гревовите кои им ги направија на граѓаните на Република Македонија? Не. Уште 100 најави за гасоводи не ве перат од овој резил.

Предвидениот гасовод од 60 км е уште еден од низата проекти кои ќе доживее само да видат една лопата, многу помпа и здравци од скапи вина, а за него ќе се потрошат неверојатни 75 милиони долари. Тоа се 1.25 милиони долари по километар што е најскап гасовод во светот.

Пропагандата преку владините медиумски фанфари дека Македонија ќе добие многу од овој гасовод е само една голема лага.

Македонија плаќа убедливо најскап природен гас а од денес е рекордер и по најскап гасовод во цела Европа. Поради тоа потребно беше до сега да се направи се за да се дојде до нов извор на гас, што ќе ја намали цената и ќе им овозможи на граѓаните и фирмите поевтин и поеколошки енергенс.

На самиот крај две прашања до нелегитимната власт, во заминување.

Зошто Европската банка за обнова и развој не е вклучена во проектот иако гласно ја најавувавте повеќе од 3 години?

Дали е точно дека фирмите СГС Транспорт и Дени Шпедиција се вклучени во логистиката за доставување на цевките за изградбата овој прескап гасовод?

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски