СДСМ: 626.132 иселени лица од Македонија!

Од:

„Според податоците на Светска банка, од Македонија се иселиле 626.312 луѓе до крајот на 2013 година. Кога ќе се додадат и иселените во 2014, 2015 како и оваа 2016 година, бројката на иселени е драстично поголема.

Како што велат податоците на Светска банка, невработеноста, посебно кај младите, е една од главните причини за иселувањето.

Никола Груевски и неговите извршители ги уништија сите шанси на младите, да можат во својата родна земја да заработуваат и тука да ја гледаат својата иднина. Во Македонија денес успеваат само криминалците и партиските послушници. Затоа младите бегаат во странство.

Со Груевски Македонија не може да оди напред. Нови четири години со Груевски ќе значат дополнително зголемување на иселувањето, посебно на младите.

На ова мора да му ставиме крај.

Ние имаме план за живот во Македонија. Имаме план за да ги задржиме младите во Македонија. Преку повисока минимална плата до 16 илјади денари и повисока просечна плата до 30 илјади денари. Преку поддршка на домашните фирми со 140 милиони евра за нови работни места. Преку неповратни 10 илјади евра за сопствен бизнис на младите со добри идеи. Преку бесплатна кирија и одржување на фирмите во првите 2 години во старт-ап центри. Преку гаранција за млади која овозможува довршување на образованието, вработување, пракса или тренинг во рок од 4 месеци по завршување факултет.

Нашиот план е реален и ќе го оствариме заедно со граѓаните. На 11 декември гласаме за бројот 4, избираме живот во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски