СДСМ: 15% од ДДВ назад кај граѓаните, плата плус дома!

Од:

„Граѓаните на Македонија избраа промени и живот.

Луѓето имаат потреба од поголеми приходи и помали давачки, наспроти 10-годишното осиромашување.

Еден од начините како ќе ги враќаме парите кон граѓаните е преку враќање на 15 % од платениот ДДВ од нивните потрошувачки сметки.

На посебна картичка ќе се регистрираат парите од вратениот данок. Таква картичка ќе има секој граѓанин.

За секој купен производ или искористена услуга за коишто државата наплаќа ДДВ преку фискалните сметки, 15% од вкупниот платениот износ за ДДВ ќе се враќаат на сметка на граѓаните.

Ова значи дека во секое семејство, ако се пресмета на годишно ниво, ќе влегува плата плус.

Со плата плус дома, луѓето ќе можат да испланираат годишен одмор, или детска соба за своето дете, или ќе покријат некоја кредитна картичка или дел од заостанат долг.

Ако имаше плата плус во секое семјество, граѓаните поспокојно ќе ги минеа празничните денови. За некои од нив тоа ќе значеше храна на масата. Или подарок под елката за децата. Ако имаше и дневна и викенд евтина тарифа на струјата, граѓаните ќе имаа и помали сметки за струја, што ќе им ги олеснеше грижите како ќе го минат долгиот и тежок јануари полн со трошоци.

Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните, и за помали давачки, и за повисоки плати, и за нови работни места.

Таков живот избраа граѓаните. За тоа е потребна нова одговорна Влада којашто ќе води реални политики.

Во оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го извравме“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски