А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: 11 години земјоделците беа игнорирани, додека ВМРО-ДПМНЕ се богатеше, денес Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за земјоделците

by А1он12/06/2019 - 16:33185
Share0

Крајно несериозно е Цветан Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за грижа  на полето на земјоделство, кога цели 11 години ги игнорираа вистинските и реални потреби на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и невистини, реагира СДСМ на прес конференцијата Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Цветан Трипуновски како поранешен директор на Државниот инспекторат за земјоделство и поранешен вработен во МЗШВ треба да знае дека откупот на краставицата е веќе на крај, а не на почеток.

Трипуновски наместо да шири лаги и невистини треба многу добро да знае дека на почетокот на откупот цената на краставицата беше од 70 до 80 денари, а според пазарните услови цената се намалува на крај.

Oткупот и продажбата на земјоделски производи бележат раст, и во првиот квартал од годинава се повисоки за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година.

Следете a1on на Youtube YouTube

Кога се во прашање откупните цени, во 2016 година откупната цена на пролетната зелка беше 25,4 денари за килограм а оваа година 49 денари во ек на откуп. Последните две години тутунот достигна рекордно највисоки откупни цени од 217, 6 денари за килограм реколта 2017 и 214,5 денари за килограм од реколта 2018. Откупот на оризот од реколтата 2018 заврши со највиоски откупни цени, белиот ориз се
oткупуваше по цена од 45 до 50 денари за килограм , за разлика од реколтата 2017 –та кога откупната цена беше од 35 до 37 денари.

Црвената пиперка во 2016 се откупуваше по 22 денари  за килограм, сега 30,4 денари.
 
Наместо да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ може само да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството.  Oфицијалните податоци ја докажуваат успешноста на земјоделските политики на СДСМ. Се враќа достоинството на земјоделците и се обезбедуваат повеќе пари за секој земјоделец.“, наведено е во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 11:49

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 10:5613/11/2026 - 16:07

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

Горан Наумовски12/11/2026 - 13:42

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Горан Наумовски12/11/2026 - 12:51

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Горан Наумовски12/11/2026 - 10:38

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Горан Наумовски10/11/2026 - 15:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео