СДММ Неготино: Бранот продолжува

Од:

„Бранот продолжува. Овој пат не е со смени на директори или раководители, туку со ново вработување. На една од последните седници на советот на општина Неготно, се донесе одлука со која се пренаменија средства од буџетот, со цел ново вработување во Градскиот Музеј во Неготино. Нов вработен во Градски Музеј Неготино, е ни помалку ни повеќе коалициониот партнер на ВМРО ДПМНЕ во советот на општина Неготино, Маја Митрова Стевановиќ. Советникот Маја Митрова Стевановиќ, која своевремено беше и директор на оваа институција, истата која сега е единствено дел од гласачката машинерија на ДПМНЕ во советот на општина Неготино е личноста која ја доби подршката на ДПМНЕ за вработување.

Од толку невработени во Неготино, од кој поголем дел се млади, тие најдоа токму нејзе да ја вработат, укажа на прес конференција, Дане Мајсторчев, претседател на ЛК СДММ Неготино Луѓето од власта, рече, си ги трошат парите за нереално вработување на своите послушници и подржувачи во Советот на општина Неготино.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски