Сасоли: Треба да им кажеме „да“ на Северна Македонија и Албанија

Од:

Одлуката за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, климатските промени, реформи на ЕУ системот за миграции се темите за кои како итни за расправа заложи денеска претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли.

-Во мојот прв говор пред Европскиот совет како претседател на Европскиот парламент ја нагласив итноста од отворање на прашањата поврзани со климатските промени, реформи на ЕУ системот за миграции и отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија, напиша Сасоли на својот налог на Твитер.

Претседателот на Европскиот парламент денеска на прес-конференцијата по учеството во Европскиот совет изјави дека на дневен ред се постигнатиот договор за Брегзит, проблемите на сириската граница и турската офанзива како и прашањето за отпочнување на преговори на Северна Македонија и Албанија.

-Ние знеме дека за ова има одредени различни позиции. Нашата позиција е дека треба да дозволиме старт на преговори. Ние чуствуваме дека ако ЕУ бара да се направат жртвувања и промени и ако тие жртвувања се имплементираат, тогаш ние треба да си стоиме на зборот и на ветувањата, нагласи Сасоли.

Тој потенцира дека ставот на ЕП е дека процесот на проширување треба да продолжи и дека преговорите со двете земји треба да почнат.

-Ова се две земји од кои се бараше да ја сменат регулативата, да го сменат Уставот и јас мислам дека треба да им кажеме „да“, рече Сасоли.

Би можело да ве интересира

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија

ЕУ со најголема побарувачка за кадар во продажба, маркетинг и производство