Помирување на дело: На пратеникот Сашо Василевски му се укинува притворот

Од:

По вчерашниот повик за помирување од премиерот Зоран Заев, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски нема повеќе да биде во куќен притвор. Тој ќе се брани од слобода и ќе може да учествува и да гласа на седницата за уставни измени, со гаранција од 400 илјади евра. Ова е по позитивното мислење на обвинителството дека може да излезе од куќен притвор.

Кривичниот совет на скопска единица претходно му го одби барањето за укинување на притворот на Јане Ченто, кој не е пратеник, туку претседател на македонското патриотско здружение „Пере Тошев” со гаранција од 530 илјади евра.

Кривичниот суд во Скопје претходно ги одби и гаранциите на пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода.

Обвинителската Вилма Рускоска нема да поднесе жалба на оваа одлука што значи дека нема да има продолжување на мерката куќен притвор.

Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски се петте пратеници обвинети за настаните од 27 април.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски