Сашо Мијалков уште е во Македонија според сознанијата на МВР

Од:

Истрагата која ја води Министерството за внатрешни работи покажува дека Сашо Мијалков уште не ја напуштил државата. Министерот Оливер Спасовски посочи дека сите информации говорат дека исчезнатиот Мијалков се уште не ја напуштил државата. По него се трага и сите сили на полицијата се насочени кон негово пронаоѓање.

„Според сите анализи и проценки, сметаме дека е се уште е во државата и дека не ја напуштил. Тоа е според сите анализи и проценки. Во тек се дејствијата, ако знаевме каде е, веројатно ќе беше во притвор. Врз основа на дејствијата и информациите кои ги добиваме, наша убеденост е дека е во Македонија и дека ќе го изнесеме пред лицето на правдата“, вели Спасовски.

Инаку, информациите на обвинителката Вилма Русковска е дека тој планирал бегство преку Куманово за Србија. Русковска за „А1он“ објасни дека не знае колку тие информации се точни, а ги посочила на МВР. Спасовски, пак, рече дека се проверуваат камерите од повеќе објекти како и снимките од раскрсниците и улиците низ Скопје.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Во Кривичен пресуда за Трезор

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати