Сарацин: Германскиот Парламент го признава македонскиот идентитет, јазик и историја

Од:

Во Германскиот Парламент за еден час ќе се гласа резолуција за улогата или зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ. Многу граѓани изразуваат страв дека ќе го изгубат јазикот, идентитетот и историјата. Ние не можеме да кажеме што треба да направат Бугарите, меѓутоа германскиот Парламент може да ви вети пријателство и ви ветуваме дека германскиот Парламент го признава македонскиот идентитет, јазик и историја.

Ова го истакна вечерва специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин во обраќањето на официјална сесија за отворање на Третиот Преспа форум за дијалог која е со наслов „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“.

-Дали е ова гаранција, дали Германија некогаш не го исполнила своето ветување? Ова е ветување дека ние ве поддржуваме и стоиме секогаш зад вас во вашите напори за зачленување. Северна Македонија е пример за оваа улога за почитување на различностите, на темелните европски вредности. Вечерва Германскиот Парламент ќе го потврди ова и ова е многу важно, порача Сарацин.

Претходно во видео обраќање до присутните претседател на Европскиот совет Шарл Мишел, кој подвлече дека Преспанскиот договор покажа дека дури и најтешките пречки може да се надминат со храброст и лидерство заради доброто на сите.

-Пред една година направивте уште едн важен чекор – со Северна Македонија ја одржавме Првата меѓувладина конференција. И со скрининг процесот силно напредувате на вашиот пат кон ЕУ. Ве уверувам дека ова ќе продолжи, рече Мишел.

Тој апелираше да се искористи моментумот за процесот на проширување.

-Агресијата на Русија врз Украина не уназади во нашите евроинтеграциски амбиции. Ние стоиме како Европјани со луѓето од Украина во овој мрачен час и сметаме дека најдобриот начин да се изгради мир е да се шири просперитетот, благосостојбата и демократијата во дух на почит и соработка. Затоа потребно е да го искористиме ова свежо движење што го внесовме во процесот на проширување на ЕУ, нагласи првиот човек на Европскиот совет, рече Мишел.

Сесијата ја отвори премиерот Димитар Ковачевски, кој е покровител на форумот

Официјалната сесија за отворање на Преспа форумот за дијалог која се одржува на отворена сцена, кратко беше прекината поради инцидент со техниката.

Поради силниот ветер се навали видео бимот врз модераторката која панично изреагира, а присутните на форумот веднаш реагираа да и помогнат. За среќа немаше никакви последици

Третото издание на Преспа форумот за дијалог насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”,е организиран од Министерството за надворешни работи, под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски.

На дводневниот форум учествуваат видни домашни и меѓународни високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации, коишто имаат одлична можност да ги споделат нивните анализи, мисли и идеи за најактуелните регионални и меѓународни теми.

Меѓу учесниците се новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на Албанија, Бајрам Бегај, претседателите на Владите на Црна Гора и Косово, Дритан Абазовиќ и Аљбин Курти, министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман, министрите за европски прашања од Србија и Албанија, Тања Мишчевиќ и Мајлинда Дука, Питер Бурк од Ирска; Мартин Дворак од Чешка, генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, генералниот потсекретар на Обединетите нации, Мирослав Јенча, генералната потсекретарка на UNDP, Ивана Живковиќ и др.

Би можело да ве интересира

Сарацин: Македонија не ги оправда надежите за уставни измени

A1on

Сарацин: Да не се потценува временскиот период за донесување на уставните измени

Сарацин ја осуди одлуката на Приштина насилно да влезе во општинските згради на северот на Косово

Средба Заев-Сарацин: Во интерес на Македонија е реализација на реформите за осигурување владеење на правото

Наум Локоски