Санкционирани 70 возачи на товарни моторни возила, 37 поради техничка неисправност, 19 поради прекршоци на возачи

Од:

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

– Контролирани се 563 возила при што преземени се 70 мерки по констатираните прекршоци. Од нив изречени се 37 санкции за технички неисправни возила, 21 санкција по однос на товар и 19 мерки по констатирани прекршоци во однос на возачи, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он