Санкции за сопственици на локали во Карпош и Аеродром, работеле по дозволеното време

Од:

Два угостителски објекти, еден од Аеродром и еден од Карпош се затворени, а нивните сопственици санкционирани бидејќи во контролите на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат било утврдено дека работат по дозволенот работновреме кое поради пандеијата предизвикана од коронавирусот е до 18 часот.

-На 25.12.2020 во 18:55 часот на подрачје на Аеродором при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, утврдено е дека објектот работи по дозволеното време и во него имало шест гости, при што околу 19:00 часот се лишени од слобода Б.Т.(60) и И.Д.(34) двајцата од Скопје, бидејќи истите не ги почитувале наредбите на полициските службеници да го напуштат објектот. Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

Исто така, вчера во период од 18:00 до 22:00 часот на подрачје на Карпош при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека угостителскиот објект во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје работи по дозволеното време и во него имало гости. Објектот е времено затворен, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот во Скопје извршиле контроли во 270 угостителски објекти.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он