Санирано свлечиштето на регионалниот пат во Липково

Од:

Обилните врнежи од дожд изминативе неколку денови на подрачјето на општина Липково предизивикаа свлечиште и оштетување на регионалниот пат кој води кон селото Ропаљце, информираа денеска од Регионалниот Центар за управување со кризи Куманово.

Патот кој води кон селото Ропаљце е оштетен поради неколкудневните обилни врнежи од дожд.

Раководителот на  ЈП „Македонија пат“- секција Куманово, Тихомир Алексовски денеска информира дека делумно е извршена санација на патниот правец, така што, сообраќајот засега се одвива непречено. Најави дека во наредниот период ЈП „Македонија пат“ ќе продолжи со санација на оштетувањето.

Поради врнежите се појавило и свлечиште на локалниот пат помеѓу селата Думановце и Гошинце.

– Преземни се мерки за расчистување, по што сообраќајот се одвива непречено, изјави секретарот на општина Липково, Неџати Османи.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози