Санирани пешачките патеки на надвозникот кај Бит пазар

Од:

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ги санираа пешачките патеки на надвозникот на булеварот „Крсте Мисирков“, кај Бит пазар.

– Во текот на изминативе денови оштетениот асфалт на патеките беше раскопан на површина од 900 квадратни метри, беа отстранети оштетените бетонски капаци на тротоарите и беа поставени нови капаци. На пешачките патеки е нанесен нов асфалтен слој, соопшти Градот Скопје.

За овој градежен зафат што ќе придонесе да се зголеми безбедноста на пешаците што го преминуваат надвозникот на булеварот „Крсте Мисирков“ Градот Скопје потроши околу 950.000 денари.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош