Санино: Препораката за почеток на преговорите ги зголемува шансите за решение на името

Од:

Нашата препорака за почнување на пристапните договори веруваме дека ќе ги зголеми шансите за разрешување на спорот со името и сме убедени дека вашата европска перспектива е реална, истакна генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската унија Стефано Санино во обраќањето на Регионалната конференција „Одржливост на реформите-кон целите на ЕУ 2020“, што се одржува денеска во Скопје.

– Верувам дека нашата дадена препорака ќе постигне позитивни ефекти во оваа насока и во однос на последните контакти во Њујорк кои беа направени и веќе оставаат траги за ова што го зборувам за развој на настаните. Овој процес беше повторно отпочнат и мислам дека е важно да се движи напред без никакво заостанување и да се одржи веќе созреаната динамика бидејќи тоа е од суштинско значење, рече Санино.

Според него, работата што оваа година ја направија македонските институции и општество се уште една потврда дека сите дадоа свој придонес и затоа, нагласи, важно е да се потенцира и улогата што ја имаше Владата, особено нејзиниот претседател кој го повлече напред овој дијалог со Европската унија.

Санино има високи очекувања дека декемврискиот самит на ЕУ ќе го има ова предвид.

Би можело да ве интересира

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он