Санацијата на коловозот пред автобуските стојалишта во Скопје

Од:

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска го означи почетокот на акцијата за санација на оштетениот коловоз на градските улици пред автобуските стојалишта.

– Со оваа акција ќе се обнови асфалтот на коловозната лента до автобуските стојалишта, на потег од околу 120 метри, пред и по самата станица. По санација на подлогата, раскопаната површина ќе се асфалтира со завршен слој асфалт. Каде има потреба, нашите екипи ќе ги санираат оштетените рабници, а шахтите и сливниците ќе се нивелираат, рече Трајановски.

Санацијата на коловозот почна пред станицата кај адвокатската улица, а по завршувањето на градежните работи работниците ќе продолжат да работат пред станицата пред МАНУ.

За безбедно одвивање на сообраќајот, на оваа делница ќе се воведе привремен сообраќаен режим. Трајановски апелираше возачите да се придржуваат кон воведениот сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација. Во текот на градежните работи, автобусите ќе застануваат на привремено автобуско стојалиште во непосредна близина.

Со оваа акција ќе се обнови коловозот пред три автобуски станици. Пред автобуските стојалишта од двете страни на булеварот „Крсте Мисирков“, пред зградата на МАНУ и кај Адвокатската улица. На овој потег ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија – Гостивар“. За санација на коловозот на овој потег Град Скопје ќе одвои околу 6,1 милиони денари. Ќе се обнови коловозот пред автобуските стојалишта од двете страни на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“, кај Комплекс банки и од спротивната страна. На оваа локација ќе работат градежниците на „Бауер БГ“, а за овој зафат Град Скопје ќе потроши околу 7,6 милиони денари. Исто така ќе се обнови и коловозот пред автобуските стојалишта од двете страни на улицата „Димитрие Чуповски“. На терен ќе работат екипите на „Бетон“ АД Скопје, а за оваа делница Град Скопје ќе потроши 5,5 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски

Мицкоски: Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните

72-годишен маж од Скопје починал на улица