Санација на улици во општина Гевгелија

Од:

Во финална фаза се наоѓа летната санација и реконструкција на главните и најоштетените улици во градот Гевгелија и поголемите населени места кои поради дотраеноста го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот.

Поголемиот дел од виталните сообраќајници во градот и населените места целосно се веќе обновени и асфалтирани, а остана да се заврши уште помал дел од работата и да го објавиме крајот на акцијата, велат од општината.

– За комплетна реализација на предвидените активности во Гевгелија остана да се асфалтира улицата „Белградска“, преостанатиот дел од улицата „Јане Сандански“ и целосно да се покрие со нов асфалт улицата „Ѓоко Тутушев“ откако на неа ќе завршат работите за поставување на атмосферска канализација, посочија од општината.

Покрај ова, во тек се работите за поставување нова канализациска мрежа на улицата „Гоце Делчев“ во Негорци која исто така ќе добие нов асфалт по што ќе биде означен и крајот на акцијата за летна санација на улиците во општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно