Санација на спортската сала во ОУ „Тихомир Милошевски“

Од:

Во ОУ „Тихомир Милошевски“ во Ново село, општина Ѓорче Петров деновиве се врши поправка на спортската сала „Христо Батанџиев“ и помошните простории.

Општина Ѓорче Петров соопшти дека интензивно се изведува лакирање на паркетот во спортската сала, се поставуваат нови седишта на трибините, а се бојадисуваат и ѕидовите во спортската сала и помошните простории. Влезните врати од спортската сала ќе бидат заменети со нови.

Инвестицијата, како што се наведува, е обезбедена од општинскиот буџет и ќе чини над 700.000 денари.

Во училиштето се бојадисуваат ходниците и училните простории, а се санираат и санитарните чворови за успешен почеток на новата учебна година.

Поправките во спортската сала ќе завршат пред почетокот на новата учебна година.

Би можело да ве интересира

Стојкоски: Едносменска настава за сите ученици во Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Стојкоски: Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки

Изгоре човек, но и добиток во пожар во населбата Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојковска: Стојкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради, нула за градинка, училиште и гаража

Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров