Санација на детските едукативни инсталации во Скопје

Од:

Град Скопје денеска ја почна санацијата на детските едукативни инсталации што се поставени во Градскиот парк и Парк „Македонија“ во Скопје.

Во текот на наредните денови, доколку тоа го овозможуваат временските услови, ќе се изврши шмирглање и лакирање на оштетените дрвени делови, ќе се бојадисаат металните делови на инсталациите и ќе се дополнат нивните подлоги со бела ризла.

Станува збор за просторните инсталации: „Авантурите на пчеличката Маја“, поставена на дел на зелената паркова површина на потегот помеѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Јуриј Гагарин“; „Авантурите на мравката и штурецот“, поставена во дел зелената паркова површина на потегот помеѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Јуриј Гагарин“; „Волшебникот од Оз“ поставена во Градски парк и „Октоподот Хенк“, поставена во зелената паркова површина на потегот помеѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов “ и улицата „Јуриј Гагарин“.

Градот Скопје упатува апел до граѓаните во периодот додека трае санацијата на детските инсталации да не ги користат.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот