Самуелсен: Данска поддршка за ЕУ и НАТО, но реформите мора да се спроведат

Од:

Данска ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, но за напредок во преговорите инсистира на резултати од реформите и на принципот на заслуги, порача шефот на данската дипломатија Андерс Самуелсен на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Данска ја подржува вашата европска перспектива и вашите аспирации за члнество во НАТО . Исто така подвлековме дека напредокот во преговорите ќе следува само по реформите и врз основа на пристапот на заслуги. Овој процес треба да се консолидира и да се испорачаат натамошни резултати, најмногу во борбата против корупцијата и реформите на јавната администрација. Позитивниот моментум во вашата земја постои и треба да се одржи. Пазарните економии можат да функционираат само ако имате јавни институции кои функционираат и правен систем, и ако постои доверба во раздавањето на правдата, рече Самуелсен.

Тој подвлече дека фокусот треба да биде ставен на реформите, а ги поздрави и напорите на Владата за а решавање на спорот за името.

-Договорот од Преспа, беше тежок компромис и за двете страни и тоа го препознаваме, рече Самуелсен

Министерот Димитров заблагодарувајќи се за возвратната посета, која е, рече, прва по 16-тина години на дански министер за надворешни работи на Македонија, ја нагласи важноста на поддршката од оваа земја за нашите стратешки цели.

-Важна ни е поддршката од Данска за нашите НАТО и ЕУ аспирации, затоа што Данска е една од земјите што можат да бидат модели од кои можеме многу да научиме како ја организирале својата економија, правосудство…Разговаравме за процесот на пристапување дека треба да бидат земени предвид индивуидуалните постигнувања на земјата кандидат и тоа да биде основното кога ќе се нпоси политичка одлука дали да се оди напред или не. Тоа е за нас исто така многу важно, рече министерот Димитров.

На средбата покрај за реформите за пристапување кон ЕУ и НАТО, станало збор и за случајот со поранешниот премиер Никола Груевски, а биле разменети мислења и за унапредување на билатералната соработка во повеќе сфери од заемен интерес, како и за состојбите во регионот.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија