Самостојниот синдикат на Клинички центар го осуди нападот врз докторот во Клиничката болница во Тетово

Од:

Физичкиот напад врз докторoт дерматовенеролог вработен во Клиничката болница во Тетово извршен во присуство на органите на јавен ред и мир укажува дека и покрај сите декларативни изјави, повелби и декларации потпишани и искажани во изминатиот период со цел ваквите инциденти да се спречат или станат изолирани појави, тие и натаму продолжуваат со зголемен интензитет и честота, соопшти Самостојниот синдикат на Клинички центар.

Од Синдикатот го осудија, како што посочија, овој дрзок и брутален напад и му посакаа добро здравје и брзо опоравување на докторот.

Очигледно е дека докторите, медицинските сестри и останатите вработени во здравството при извршување на своите работни задачи, нагласија од Синдикатот, се недоволно заштитени и секојдневно изложени на животозагрозувачки инциденти, стварност што не ја посакуваат и не е по нивна волја.

Според Синдикатот на Клинички центар, тоа што недостасува е превентивата, која е минимална, а во голем број ЈЗУ и во целост недостига.

Од Синдикатот на Клинички центар потенцираа дека за цело време во изминатиот период укажувале на потребата од изготвување законска регулатива што ќе го обврзе работодавачот да обезбеди систем на професионална и ефикасна заштита од физичко и вербално насилство на вработените во здравството.

Синдикатот на Клинички центар е подготвен заедно со ресорното Министерство, Лекарската комора и другите комори и здруженија во здравството, Македонското здружение за заштита при работа и други релевантни чинители, преку стручни состаноци, јавни дебати и други постапки да учествува во изнаоѓање најсоодветно решение за сузбивање вербалното и физичко насилство во здравството, кое со законска регулатива ќе го обврзе работодавачот да обезбеди превентивен систем на професионална и ефикасна заштита од физичко и вербално насилство на вработените во здравството, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он