А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Самба-турнир во мал фудбал на македонските иселеници во Белгија

by А1он15/06/2014 - 14:1316/06/2014 - 08:23110
Share0

Во екот на Светското првенство во фудбал што се одржува во Бразил, во организација на македонските иселеници во салата „Спортхалдероде” во белгиски Атнверпен, синоќа се одржа Интернационален турнир во мал фудбал „Рома Мерксем”.

Добивај вести на вибер

Како што јавува дописникот на МИА од Кралството Белгија, пред околу илјада гледачи и во бразилска атмосфера со самба-танчерки од земјата на кафето, 15 екипи и стотина фудбалери од Македонија, Босна и Херцеговина, Франција, Косово и Белгија се натпреваруваа по третпат по ред за престижниот пехар на македонските Роми.

Хуанито Селим, генерален директор на спортскиот клуб „Македонија” од Антверпен, организатор на овој турнир, посочи дека истиот е традиционален и со хуманитерен карактер.

– Ова е всушност балкански турнир овде во Белгија со кој ние припадниците на ромската заедница од нашата земја имаме за цел промоција на Република Македонија, како во Кралството, така и пошироко, со оглед на тоа што има екипи и гледачи кои доаѓаат и од други европски земји. Преку спортски и културни настани, нашиот клуб „Македонија” има единствена цел промоција на нашата татковина во Западна Европа, истакна директорот на турнирот, Селим.

Според организаторите, често на овој традиционален турнир во Белгија, важност со своето присуство му придаваат и некогаш прославените македонски репрезентативци што сега живеат во Кралството, како Игор Саша Николовски и Драган Силјановски, како и интернационални фудбалски „ѕвезди” како Александар Митровиќ (Андерлехт), Ратко Свилар, Карим Башар и други. На овој турнир, пак, најголем внимание привлече членот на младинската репрезентација на Македонија и напаѓач на младите селекции на Андерлехт, Емил Абаз.

fudbal mak

Би можело да ве интересира

Баражите за ВМФЛ од 7 до 13 јули

Ана Ололовска02/07/2020 - 13:42

Иницијативниот одбор побара од ФФМ да го почитува Законот за спорт

Татјана Ташкова15/04/2019 - 15:10

Повредени полицијаци по натпреварот „Брегалница“ – „Пелистер“

Ана Ололовска24/10/2016 - 13:17

Иванов: Да бидете сплотени и заедно како генерација да ги продолжите успесите

Ана Ололовска12/10/2016 - 14:39

Наместо Европско, Груевски на фејсбук на младите фудбалери им честиташе пласман на Светско првенство

Ана Ололовска12/10/2016 - 11:0812/10/2016 - 12:03

СДСМ: Доста се поделби, омраза, предрасуди што резултираат со крвави глави

Ана Ололовска25/09/2014 - 14:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен