Саљији–Раснач: Меморандум за соработка помеѓу министерствата за правда на Република Македонија и Република Латвија

Од:

Министерот за правда Билен Саљији е во дводневна посета на Рига, Република Латвија. На првиот ден од посетата, министерот Саљији заедно со министерот за правда на Република Латвија, Џинтарс Раснач, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за правда на Република Македонија и Министерството за правда на Република Латвија.

Споделувајќи заеднички европски вредности во духот на соработка и заемна доверба, имајќи ги предвид интересите за размена на знаење и искуство во областите правда и правосудство и разбирајќи ја важноста на меѓународната соработка, двете министерства склучија Меморандум за соработка со кој ги договорија областите и облиците на соработка како и го дефинираа начинот на соработка помеѓу двете институции.

Меѓу другото, во соработката предност се дава на размена на искуства и најдобри пракси за усогласување на националното законодавство со меѓународните и европските стандарди, поддршка на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија, модернизација на правосудството и судската администрација, едукација и обука на професионалците од правосудството и судиите, подобрување на активностите во областа на пенитенцијарниот систем, ефикасно управување со пробацискиот систем вклучително и развивање на ефикасни алтернативни мерки и пробациски систем како и други области кои се од заемен интерес.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, Министерот за правда, Саљији ќе се сретне со Директорот за Управата за затвори на Република Латвија и ќе оствари посета на Центарот за зависности при Затворот Олаине.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов