Салиу: Локализирани пожарите во Требовље и Брезница, ќе се гасат во Катланово и Ѓорче Петров

Од:

Пожарот во село Требовље и Нова Брезница е локализиран. Во моментов се делува превентивно со хеликоптери и авиони, а дел од силите се пренасочени во Катланово, скопско, информира денеска на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу и додаде дека наскоро со противпожарните авиони ќе се делува во атарот на Ѓорче Петров кон границата со Косово во кој гори недостапна шума.

– Во Требовље изгореа околу 300 хектари, а дејствуваме со околу 82 припадника на ДЗС и два хеликоптера. Беа присутни територијалните противпожарни единици од осум града. Во пожарот учествуваа и 20 припадници на Македонски шуми, а имаше и десетина од локалната самоуправа, рече Салиу и додаде дека помош добиле и од 60 припадници на Армијата на Република Македонија.

Директорот на ДЗС обвини дека вчерашниот пожар во Требовље се проширил поради неодговорното однесување на десетината лица ангажирани од локалната самоуправа кои се повлекле од договореното место каде што требало да го пресретнат пожарот со образложение дека биле договорени да помогнат до 12 часот дента.

Според Салиу пожарот е предизвикан од човечки фактор, бидејќи, како што рече, на наколку места во шумата биле забележани подготвени дрва за оган.

Помош во хеликоптер со корпа за вода, како што рече, била понудена од Бугарија.

Директорот на ДЗС информираше дека до овој момент имало интервенции врз 360 шумски пожари во кои изгорена површини има околу 590 хектари.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски

Најмалку 128 лица загинаа во големиот пожар во Хонг Конг

Пожар во магацин за гуми во Загреб, неколкумина се тешко повредени

(ВИДЕО) Горат седум облакодери во Хонг Конг – најмалку 36 мртви и 279 исчезнати

А1он

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

(ВИДЕО) Горат неколку згради во Хонг Конг, се бројат загинатите и повредените

Горан Наумовски