Салиу: Градоначалниците се неми набљудувачи на огнените стихии

Од:

Десетина пожари се активни во Македонија. Покрај пожарите во Полошкиот регион, гори шума во општините Чашка, во Струшко, кај Зајас, во Гевгелија и во Прилеп.

За десетина дена ќе се знае точно колкави се штетите од годинашните пожари.

„Во 2011 година имавме 523 пожари, изгорената површина во хектари изнесуваше 17.308, а материјалната штета изнесуваше 54,5 милиони денари. Оваа година, заклучно со денешниот ден до 10 часот наутро, имаме 419 пожари, изгорена површина од 5.257 хектари“, изјави Шабан Салиу, директор на Дирекција за заштита и спасување.

Авионите за гасење пожари, во воздух биле 304 часа, потрошиле 99 илјади литри гориво и исфрлиле 2 милиони литри вода.

Салиу обвини дека градоначалниците се неми набљудувачи на огнените стихии.

„За жал, првото нешто што го прават градоначалниците при појава на пожар, се јавуваат во Дирекцијата за заштита и спасување и веднаш бараат да се вклучат авионите за гасење, што не е законски, ни соодветно на интензитетот на пожарот. Постојат и такви состојби, градоначалниците да дозволат и по неколку дена да им горат шумите без да вклучат ниту еден човек во акција“, рече Салиу.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски