„Сакаме Аеродром да дише“: Протестите продолжуваат, бараме повлекување на спорниот ДУП И10

Од:

„Вчера повторно граѓаните се собраа пред Општина Аеродром да го изразат својот револт кон екпресното и непроцедурално носење на ДУП И10. Со овoј ДУП Коневски овозможува нови градби врз зелени површини и на градежната мафија и прави нова улсуга. Според ДУП-от, планирани се висококатници кај Мајчин дом и покрај Вардар. Неговата бизнис одлука ќе предизвика еколошка катастрофа и дополнително загадување на воздухот во Аеродром, сметаат граѓаните.

„Ивица, симни се од Водно, и дојди да го дишеш аеродромскиот воздух! Нашата општина е веќе на листата на најзагадените во Македонија. Нови градби не ни нтребаат!“ децидни се граѓаните. Градежните активности и непланските градби се директен причинител за загадувањето. Тие секојдневно ја задуваат нашата околина и го спречуваат струењето на воздухот.

Очигледно е дека на Коневски одамна не му е приоритетно здравјето на граѓаните. Тој единствено се грижи да го наполни сопствениот џеб и да ја задоволи партиската елита. Не смееме да им дозволиме да продолжат да заработуваат на сметка на нашето здравје! Овој ДУП мора да се повлече!

„Ние ќе бидеме тука, во се поголем број, секој ден во шест, за да го спречиме ова силување на нашата општина“ – му порачаа граѓаните на Ивица Коневски“, се вели во соопштението на Граѓанска иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Германската полиција уапси Хрват поради дрон над аеродромот

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски