Сакал да си купи голф, едвај извадил жива глава

Од:

Вчера во околу 6 часот попладне, гостиварец едвај извлекол жива глава, откако решил да си купи автомобил, а продавачите со пиштол сакале да му ги украдат парите.

По претходен телефонски контакт и договор за купопродажба на ПМВ„Голф 5“ за сума од 9.000 евра, гостиварецот се сретнал со двајцата скопјани-продавачи во Гостивар на ул.Илинденска“ им кажал дека ги носи парите и заедно тргнале на нотар.

Бидејќи било доцна, нотарот не работел, а на враќање назад еден од продавачите од црна чанта која била кај менувачот на возилото, извадил пиштол кој му го вперил гостиварецот, додека возачот со голема брзина се упатил кон Комплекс „Сити Центар“.

За среќа, поради настанатата гужва во сообраќајот, возачот застанал со возилото, а гостиварецот го искористил моментот и скокнал од задната страна. Продавачиите со голема брзина се упатиле кон излезот на Гостивар. Полицијата го расчистува случајот.

 

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он