А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Сахара груп“ почнува со реорганизација на агрокомбинатот „Џумајлија“

by А1он27/08/2013 - 09:51179
Share0

Индиската компанија „Сахара груп“ денеска го почнува проектот за реорганизација на агрокомбинатот „Џумајлија“, инвестиција од околу 200 милиони евра.

Добивај вести на вибер

На првата сеидба со која ќе се официјализира почетокот на инвестицијата, е најавено присуство на претставник на Сахара Пјур А.П. Синха, на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.

„Сахара груп“ го доби земјоделското земјиште во пропаднатиот агрокомбинат на концесија од 15 години со можност за продолжување, а закупот што треба да го плаќа годишно е 121.000 евра. Трансфер на нови технологии, експертско знаење и вработување 2.000 лица се само некои од очекуваните придобивки.

Индискиот инвеститор, кој за реализација на проектот депонираше и банкарска гаранција, со договорот со македонската Влада, најави и набавка на 20 илјади крави, изградба на капацитет за преработка на 80 илјади литри млеко дневно, како и на објект за производство на сточна храна.

Работна група со експерти од повеќе сфери битни за инвестицијата на Сахара груп, катастар, животна средина, локална самоуправа,… веќе работи на подготовките за реализација на инвестицијата.

Најавените 2.000 вработувања треба да бидат од различни профили поврзани со земјоделството.

„Џумајлија“ е вториот најголем агрокомбинат во Македонија. Поседува 6.000 хектари обработливо земјиште и 6.000 хектари пасишта, винарска визба, млин, фарма со капацитет од 1.000 овци и 200 крави. Пред да пропадне годишно произведуваше над 20.000 тони житни и фуражни култури.

sahara

Би можело да ве интересира

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска12/11/2014 - 11:5212/11/2014 - 12:03

Спасот барајте го во сексот, порача Субрата Рој

Емир Латифовиќ02/10/2013 - 22:0002/10/2013 - 22:06

Блер: Иднината им припаѓа на луѓето со отворен ум

Емир Латифовиќ02/10/2013 - 21:45

Груевски: Обединувањето на Европа без Балканот не е можно

Емир Латифовиќ02/10/2013 - 21:1502/10/2013 - 21:26

ФОТО: Тони Блер пристигна во Скопје

Емир Латифовиќ02/10/2013 - 18:00

Груевски на Самитот на мир во рамки на Балканскиот мировен фестивал

Емир Латифовиќ02/10/2013 - 17:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен