Саем за мед во Кичево

Од:

Почнувајќи од 29, па сè до 31 август во Кичево ќе се одржи вториот по ред Саем за мед под мотото „Купувајте квалитетен мед од нашите произведувачи“.

На Саемот ќе учествуваат дваесет производители од Битола, Кочани, Прилеп, Радовиш, Демир Хисар и секако Кичево, кои ќе изложат различни производи – мед, прополис, матичен мед итн.

Коста Галиманоски, претседател на организацискиот одбор за нашиот портал вели дека целта на овој саем е да се афирмира медот како здрава храна со цел да се зголеми количината на производство на медот во Кичевскиот регион .

На овој настан се очекува да присуствуваат и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Саемот ќе се претвори во традиционален настан, а идната година се планира да се прошири и да стане меѓународен, со производители од Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Турција, Грција и Грна Гора.

Во Кичево од 2001 година постои Здружение на земјоделски производители „Виножито“, на чие чело е, исто така, Галиманоски. Ова здружение брои 35 производители на различни земјоделски производи и од различна етничка припадност.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски