Саем за бизнис и претприемништво во велешкото средно економско

Од:

Наученото во четиригодишното школување, учениците да го презентираат во пракса, е целта на 8. Саем за бизнис и претприемништво што се одржува денеска во Општинското средно економско училиште „Јовче Тесличков“ во Велес.

Саемот го организираа наставниците и учениците.

На штандови, поделени во седум компании од различни области, туристички агенции, хотели, козметика, здрава храна и трговија, кои сами ги основаа, учениците на посетителите им делеа пропаганден материјал, им појаснуваа што нудат. Со заинтересираните склучуваа и договори за соработка, исто како што би правеле во реалниот бизнис.

– Во тренинг фирмите кои ги основаа учениците со подршка на наставниците по стручните економски предмети, многу е важно да добијат искуства од тимска работа, да ги научат особините кои се многу важни за работа: флексибилност, ефективност,…, и сами да донесуваат одлуки како кога по завршувањето на школувањето ќе работат во вистински компании. Тогаш и ова искуство од саемот ќе им биде многу драгоцено, изјави директорката на училиштето Нада Јованова.

Од Општина Велес која секоја година ја поддржува манифестацијата, велат дека Саемот е многу важен за создавање школувани и обучени високи стручни економски – бизнис кадри кои вистински ќе ја знаат работата на претприемништвото што е клучен фактор за економски развој на општината.

Гости на Саемот се ученици од Словенија и Финска.

Би можело да ве интересира

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши