А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Садије Илјази ќе го замени Арбен Џафери

by А1он25/09/2012 - 09:57227
Share0

Собранието на Македонија денеска треба да ја почне 42. седница, на која ќе биде верификуван пратеничкиот мандат на Садије Илјази од ДПА, која на оваа функција доаѓа на местото на Арбен Џафери.

Следете a1on на Instagram Instagram

На дневен ред на седницата се измените и дополнувањата на Законот за електронските комуникации во второ читање, Предлог законот за престанување на важењето на Законот за обезбедување на средства за финансирање на програмата за изградба на железничката пруга Куманово – Бељаковце – Крива Паланка – Деве Баир (граница со Република Бугарија) во 1994, 1995 и 1996 година, во второ читање, како и дополнетите предлог закони за изменување и дополнување на Законот за животната средина и на Законот за управување со отпад, двата во второ читање.

Пратениците ќе  се изјаснат и за Предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за Проектот „Набавка на нови влечни и влечени средства во МЖ Транспорт АД-Скопје меѓу Европската банка за обнова и развој и МЖ Транспорт АД-Скопје“, по скратена постапка, за измените и дополнувањата на Законот за Филмскиот фонд на Република Македонија,  на Законот за културата, на Изборниот законик, на Законот за финансирање на политичките партии и на Кривичниот законик, во прво читање, како и по предлог законите за граѓанска одговорност за навреда и клевета, за странската информативна дејност во Република Македонија, исто така во прво читање.

На дневен ред на оваа седница, меѓу другите точки се и измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, предложени од пратениците на владејачкото мнозинство.

Следете a1on на Youtube YouTube
sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 13:04

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:47

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:0502/09/2026 - 14:14

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео