САД ја поздравија декриминализацијата на клеветата

Од:

Мисијата на Соединетите Американски Држави во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го поздрави декриминализирањето на клеветата во Македонија.

– САД го поздравуваат донесувањето на законот со кој се декриминализира навредата во Македонија. Со клучната целосна имплементација на законот и конкретните резултати од него, нотираме дека ова е значителен чекор напред кон побезбедна и послободна медиумска атмосфера во Македонија, и служи како позитивен пример за регионот на ОБСЕ во целина. САД во целост се согласуваат со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ, дека новинарите мора да имаат можност да си ја вршат својата работа и да поттикнуваат дебата по прашањата кои се од јавен интерес без страв од криминални санкции или непотребни граѓански надомести на штета. Ги повикуваме сите членки на ОБСЕ кои се уште не ја декриминализирале клеветата да го сторат тоа, и да ги ревидираат законите со кои непотребно се казнува навредата или друго изразување на мислењето, пишува во соопштението потпишано од Кристофер Мидура, советник за односи со јавноста на американската мисија во ОБСЕ.

Во соопштението се пренесува повикот на Мијатовиќ до Македонија да преземе и дополнителни чекори за подобруваме на медиумската клима, како што е транспарентно работење на Советот за радиодифузија, како и предизвиците во областа на работничките права во медиумите и рекламирањето на властите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми