А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Русковска: Водиме истражни постапки и за други функционери за злоупотреба на ИПА фондовите

by А1он12/06/2019 - 13:0112/06/2019 - 13:49350
Share0

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во однос на најновата афера за злоупотреба на ИПА фондовите за што беше уапсен Јахи Јахија државен секретар во министерството за информатичко општество и администрација, информираше дека при претресите во Италија пронајдени се нови докази за случајот.

Добивај вести на вибер

Русковска исто така најави дека Јахија не е единствен функционер за кој има истрага за злоупотреба на ИПА фондовите во државава.

– При претресите во Италија се најдени докази кои ќе служат во постапката против нашите државјани. Во тек се предистражни и истражни постапки и за други функционери за злоупотреба на фондовите, рече Русковска.

Обвинителката не ја исклучува можноста за проширување на истрагата со нови осомничени за фирмите кои дејствувале.

– Само што почнавме треба да се прегледаат докази и потребни е извесно време да видиме дали ќе ја прошируваме истрагата, рече Русковска.

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР по наредба на јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координација со италијанското обвинителство од Милано, а со поддршка на „Европравда“, спроведе координирана полициска операција за обезбедување докази за примање поткуп од двајца државни службеници при избор на правно лице за спроведување на проект финансиран од страна на ИПА-фондовите, пред два дена информираше обвинителството за уапсениот Јахи Јахија од Куманово.

Спроведени биле симултани претреси во Северна Македонија и во Италија, и тоа пет претреси во Скопје и Куманово од кои во две правни лица и едно министерство, како и во осум правни лица во Р Италија. Притоа, Министерството за внатрешни работи привремено одзеде повеќе од десет компјутери (десктоп и лап-топ компјутери), уесбе и микро СД-мемориски картички, мобилни телефони, таблети, два пиштола, парични средства и обемна службена документација, а еден осомничен е уапсен.

Виктор Јованов

jahiobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:55

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен