Обвинителката Вилма Русковска, во своето воведно излагање, ја спореди екс-шефицата на СЈО со филмот „Чарлиевите ангели“.
„Имаше еден филм „Чарлиевите ангели“. Катица Јанева влезе во тој филм, дека никој ништо не и може. Потоа влезе и во естрадната мрежа, можеби од алчност и ја предаде довербата на народот. Не се посрамоти само себе туку и целата јавно-обвинителска функција“, рече Русковска.
Според неа, таа свесно на Бојан Јовановски му изнесувала детали од истрагите и пред-истрагите во СЈО, а Боки 13 потоа од осомничените да може да бара огромни суми пари, а ним на сметка на тоа, да им биде олеснет статусот или да станат заштитени сведоци.
„Жртви во овој предмет не се оние од кои се земани и барани пари, жртви сме сите, граѓаните на оваа држава“, рече Русковска во своето воведно обраќање.