А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Русковска: До крајот на мај обвинение за организаторите на „27 април“

by А1он17/04/2019 - 13:07253
Share0

Најдоцна до крајот на мај очекувам да биде подигнато обвинение за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година, но не очекувам дека во скоро време ќе ми се пружи прилика да го сослушам и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, порача денеска Вилма Рускоска, обвинителката од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Добивај вести на вибер

-Добар дел од сведоците кои планирав да ги сослушам ги сослушав. Оваа недела тече распитот на обвинетите. Следната недела веројатно ќе се договорам со одбраната да извршат увид во доказите, а ќе видам и дали треба да се сослуша уште некој сведок по што ќе ја привршам истрагата, изјави Русковска по завршувањето на промоцијата на Twinning Light проектот Стандардизација и хармонизација според ИСО17025 стандардот на лабораториите на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

Таа не сакаше да прецизира каков е профилот на сведоците кои ги сослушала.

Во врска со реакциите на дел од притворените за случајот кои сметаат дека притворот им е неосновано одреден и предолг и оти досега немаат увид во доказите, Русковска рече дека Судот треба да оцени дали притворот е основан или не.

-Јас сметам дека е основано одреден. Се работи за многу сериозно кривично дело со една обемна доказна и истражна постапка. Право на секој е да поднесе апликација до Судот во Стразбур, само не верувам дека било кој суд за ваков вид кривично дело би рекол дека четири месеци притвор е предлог притвор, потенцира Русковска.

Посочи дека се во фаза на преведување на потребните документи за екстрадиција на последниот обвинет во првиот процес за настаните во Собранието кој е во бегство во Шведска.

-Вчера ги дадовме доказите на превод и кога ќе биде готов преводот на доказите и се она што се бара во постапка за екстрадиција веднаш ќе биде испратено до Министерството за правда, прецизира Русковска.

27 april

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он24/01/2025 - 17:02

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

Горан Наумовски29/12/2024 - 13:07

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Горан Наумовски25/12/2024 - 11:42

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски24/12/2024 - 13:2024/12/2024 - 15:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен